Додека СДСМ и ДУИ му предвидуваат пуч, Мицкоски добива важна поддршка

Додека високи претставници на СДСМ и ДУИ брифираат за раскол во раководството на опозицијата лидерот на ВМРО – ДПМНЕ добил значајна внатрепартиска поддршка од партиски колеги за кои се шпекулираше дека имал недоразбирање при изборот за лидер.

Според владеачките партии една од фракциите во партијата кои што сакаат да го урнат Христијан Мицкоски од лидерската позиција ја предводи екс министерот за надворешни работи и актуелен шеф на комисијата за надворешна политика во Собранието, Антонио Милошоски.

Но Милошоски деновиве ги надминал сите предходни недоразбирања со Мицкоски и му дал апсолутна поддршка за водење на партијата во критичните моменти за Македонија во пресрет на промената на уставот, претседателските избори и еветуалните предвремени избори што може да се случат заедно со претседателските најверојатно до средината на март.

Милошоски неофицијално беше од незадоволните потенцијални кандидати за лидер на ВМРО – ДПМНЕ кој лани во декември не беше задоволен од начинот на кој што беше организиран конгресот на ВМРО – ДПМНЕ.

Според информациите на expres.mk Милошоски е задоволен од начинот на кој што Мицкоски ја води партијата во тешките моменти за Македонија и ги понудил сите свои капацитети за идната битка на опозицијата против владеачката коалиција.

Токму тој ја водеше прес конференцијата во петокот на која беше побарано СДСМ и ДУИ да закажат гласање за уставните измени.

Антонио Милошоски е еден од највлијателните членови на ВМРО – ДПМНЕ во пратеничката група, важи за еден од најприсутните во јавноста особено на социјалните медиуми а за време на кампањата за референдумот заедно со лидерот на ГРОМ Стевче Јакимовски беше еден од ретките што јавно лобираше за бојкот.

Покрај Милошоски уште неколку други влијателни пратеници на опозицијата му изразиле целосна поддршка на Мицкоски во престојните политички премрежија.

ВМРО-ДПМНЕ ниту ги потврдува ниту демантира ваквите информации.