Информативниот портал #СамоПрашај на Институтот за комуникациски студии во својата рубрика ,,НА АЧИК” открива дека додека тече истражна постапка во Јавното обвинителство ,,Се „шминкала“ градбата спроти „Холидеј Ин“ од општина Центар.
,,Општина Центар одобрила нов идеен проект за објектот спроти „Холидеј Ин“ иако Јавното обвинителството сè уште води предистражна постапка за овој случај. На овој простор е планирана изградба на висококатници според детален урбанистички план (ДУП) што неколкукратно ги надминува параметрите на Генералниот урбанистички план (ГУП). Архитекти бараат суспензија на планот за да се корегираат недостатоците”, пишува #СамоПрашај.
На локацијата се планира изградба на станбено-деловен објект иако е во тек предистражна постапка којашто треба да утврди дали е легална продажбата на државното земјиште
Општината сега е со став дека такво нешто може да и‘ нанесе финансиска штета на локалната самоуправа.
„По анализа на законските одредби со кои е предвидена суспензија на урбанистички планови, утврдено е дека таквата „алатка“ ја поставува Општината во позиција на неизвесност во однос на исходот од процесот и неможност за проценка колку ќе ја чини таквиот чекор, бидејќи Законот за урбанистичко планирање општо предвидува дека Општината би ги плаќала евентуалните штети коишто ќе настанат од неспроведување на планот за време од неговата суспензија доколку не се донесе нов план во предвидениот рок, кој што е реално премногу кус. Не е пропишана методологија за проценката на штети од неспроведување на план“, велат од Општина Центар.
Целата информација на овој линк
Фото #СамоПрашај