Голем пожар попладнево изби на Планината Петрино, над селата Лескоец и Скребатно.
Огнот може да се забележи од градот Охрид, што предизвика вознемиреност кај граѓаните.
OhridNews ги контактираше надлежните во територијалната професионална противпожарна единица Охрид, кои, истакнаа дека се запознаени со случајот. Исто така, од Националниот Парк Галичица информираат дека внимателно се следи состојбата, но дека надлежноста е во рамки на јавното претпијатие Македонски Шуми.
Огнот во Охридско започнал по 21 часот додека во рамки на Охридското лето дело од македонската политичка и бизнис елита уживаше на вториот ден од реномираниот културен фестивал.
Пред една недела шефот на владиното тело за кризни состојби Стојанче Ангелов објави дека специјалните авиони за гаснење пожар Канадери не се во функција и дека граѓаните треба да внимаваат со опасноста од пожари.