Ниту еден друг ракометар на Вардар не е заразен од коронавирус, покажаа тестовите на играчите направени откако вчера капитенот Стојанче Стоилов беше позитивен на Ковид-19.
Добрата вест доаѓа пред реваншот од четвртфиналето во СЕХА-лигата со Нексе на 29 август од 20:15 во празната арена „Јане Сандански“, во кој бранителот на трофејот влегува со предноста од 31:30 од Нашице.
Победникот од двомечот ќе се пласира на завршниот турнир што ќе се одржи од 4 до 6 септември во Задар.