Зошто премиерот Ковачевски од говорницата на Собранието најави дека ќе оди на отворање на Македонски клуб во Бугарија и притоа канеше пратеници да одат со него а потоа мистериозно ја смени одлуката и остана во Скопје.
Ова е една од темите за која во вчерашното издание на емисијата Заспиј ако можеш на Алфа ТВ анализираше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски.
Николовски вели дека бугарските тајни служби се сериозни и дека тие извесно ги документирале сите ветувања направени од Ковачевски и Пендаровски кон Бугарија и затоа сега не можат да одат на отварање на македонски клуб.
Тој смета дека откако Ковачевски во собранието најави дека ќе оди во Благоевград бугарските тајни служби со доставување на ,,папка” во која е документирано неговото однесување и дадени ветувања го ,,потсетиле” зошто не смее да оди во посета на Македонците во Бугарија.
Делот од интервјуто на Николовски во кој зборува за однесувањето на Ковачевски на оваа тема почнува на 69 минута од видеото на Заспиј ако можеш
Владата и Ковачевски до објавување на овој текст во 11 часот и 25 минути не го демантираше Ковачевски
Видеото каде Ковачевски најавува одење во Благоевград