И покрај посетата на министрерот Венко Филипче на соседна Бугарија и неговото присуство на седницата на Владата на Бугарија на која официјално беше договорена донацијата на бугарски вакцини за Македонија, тоа досега не се случи.

Премиерот на Албанија, Еди Рама, во студиото на „Топ Чанел“ за бавното темпо на набавки на вакцините против коронавирусот, рече дека светот е неправеден кога станува збор за купувањето на вакцините и дека малите играчи секогаш се последни во чекалната.
„Македонија за жал не започна со вакцинацијата и не е виновна за тоа, Бугарија сè уште не им ја даде донацијата затоа што сакаа да ја искористат.“, рече Рама.

Албанскиот премиер додаде дека се работело само за 100 дози донација од Бугарија за Македонија.

Рама рече дека Албанија има капацитет за 14 месецида го затвори циклусот на вакцинација, кој започна на 11 јануари.

Албанскиот премиер не сакаше да спомене од која држава Албанија добила подарок вакцини, туку само рече дека станува збор за држава која е на Балканот опкружена со соседи кои не се дел од ЕУ, но инсистираше да не открие за која држава станува збор бидејќи така било побарано од него.