До крајот на април пристигнуваат 200.000 кинески вакцини

На 28 април во земјава ќе пристигнат 200 илјади кинески вакцини, објави денеска мМинистерот за здравство Венко Филипче но сепак остои ден-два резерва околу датумот.

За пратката вакцини добил потврда од Кинеската амбасада во Скопје.

„Утрово ја добивме потврдата од Кинеската амбасада дека 200 000 кинеските вакцини треба да ги очекуваме околу 28 април“, додаде Филипче.

Инаку, на 19 и 26 април треба да пристигнат по 10 илјади вакцини од Фајзер, преку ковакс системот вкупно 76.000 вакцини на Астра Зенека треба да пристигнат до крај на месецов, додека пак вакцините преку трилетарните договори со ЕУ се очекуваат на почетокот на мај.