До 500 отсто поскапени катастарските услуги. Со новиот тарифник од 11.11, катаскарските услуги се наплаќаат поскапо. Ако до пред една недела услуга за имотен лист чинеше 180 денари, денес истата чини 250 денари.

Граѓаните кои ги затекнавме пред Агенцијата за недвижности во скопје, велат дека платиле поскапо од претходно. Дел од нив не забележале разлика во цените со оглед дека не ја користат често оваа услуга


Според тарифникот кога податоците од катастар се користат за нови производи, висината се зголемува за 300 отсто.

Комората на трговски друштва за геодетски работи при Сојузот на стопански комори бара итна ревизија на новите тарифници на Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) што стапија во сила на 19. месецов, а со кои, како што велат од Комората, услугите за добивање одредени податоци се поскапени за 100, 200, па и за 500 отсто, на товар на геодетските друштва, нотарите, адвокатите и граѓаните кои користат катастарски услуги. Бараат итна средба со премиерот, а доколку во наредните две недели не им бидат понудени решенија со рокови за исполнување на барањата, најавуваат радикализација на делувањето на Комората, во која членуваат 140 геодетски друштва.

Никола Рибароски, претседател на Комората на трговски друштва за геодетски работи, денеска на прес-конференција рече дека Агенцијата за катастар на недвижности ги зголемила надоместоците со новите тарифници без никаква консултација со нив, а истовремено одбива да им го одобри новиот тарифник за корекција на цените иако фелата се соочува со зголемени трошоци подолго време.