До 13,30 часот на избори излегле третина од гласачите во Грција

Вкупно 31,52 отсто од регистрираните гласачи го дадо својот глас на парламентарните избори во Грција, соопшти Михалис Ставријанудакис, генерален секретар на Министерството за внатрешни работи.

Оваа бројка се базира на податоците добиени од 16.520 избирачки места, што претставува 77 отсто од вкупните избирачки места низ државата.

На национално ниво има вкупно 21.467 избирачки места.

Следното ажурирање во врска со излезноста на гласачите ќе биде обезбедено во 17 часот по грчко време. Катимерини