Дмитри Тренин: Русија си пука во нога во случајот со Македонија

Русија си пука во нога со обидот да ја блокира Македонија да влезе во НАТО, тврди Дмитри Тренин, шеф на Карнеги Центарот во Москва.

Како и предходно во случајот со Црна Гора овој обид на Москва против Македонија во НАТО е целосно контра-продуктивен и апсолутно бесцелен.

Ако има полоша работа од проширувањето на НАТО тоа се вакви напори за да се запре истото, вели Тренин кој е основач на Карнеги Центарот во Москва, претседавач со советот за истражувања и програмата за надворешни работи и безбедност на американската фондација, која има свое претставништво во Москва.