Од полноќ стапуваат во сила нови цени на горивата со што тие ќе бидат поскапи во просек за 13 денари во споредба со ланскиот мај.
Новата малопродажната цена на еуросупер БС-95 ќе биде 71,50 денари, онаа на БС-98 – 73,50 денари за литар, а малопродажната цена на еуродизел (Д-Е В) ќе изнесува 63,00 денари.
Поскапувањето се објаснува со поскапувањето на суровата нафта на светските берзи.