Оперативецот на ЦУК кој воопшто не побарал хелихоптер ќе сноси дисциплинска одгоорност за случајот со 63-годишниот овчар Златко Божиновски од кратовско Емирица кој вчера почина откако неколку дена се бореше со последици од премрзнување, објави ТВ24.  

Првиот човек на Центарот за Кризни Стојанче Ангелов вели дека ќе се бараат  одговори  и од од министерството за здравство, МВР и локалната самоуправа за направените пропусти.

Ангелов најави дека очекува да профункционира повикувачкиот европски број 112.

„На овој број ќе може да се пријавуваат физички напади, сообраќајни несреќи, пожари, потребна медицинска помош. Сето она што денес го бараат на броевите 192, 193, 194 ќе биде концентрирано на само еден повикувачки број, а тоа е бројот 112, како што е насекаде во целата ЕУ“, вели Ангелов.