Директорот на средното земјоделско училиште во Кавадарци кој добил проект вреден 83 илјади евра за тренинг на магариња и коњи од Националната Агенција за европски и образовни програми и мобилност не е случаен човек.
Се работи за член на СДСМ чиј брат е актуелен пратеник на социјалдемократите а директорот активно учествувал во кампањата на партијата на Заев.
За неговата блискост со лидерот на СДСМ говори и фотографијата која ја објавил на Фејсбук.
Брат на директорот Горан Велковски е пратеникот на СДСМ Диме Велковски кој сега живее во Скопје.
Случајно или не и директорката на Националната агенција за европски и образовни програми и мобилност Лидија Димова беше назначена од СДСМ.
Објави ли некој дека братот на пратеникот на СДС, директор на школото тренира магариња во КАВАДАРЦИ ?
–
*Митко Јанчев импресионира со овој пристап, гледа напред, надалеку 😎 pic.twitter.com/jcMgMrsPx0— Демир (@Trollowsky) October 11, 2020
Не била само берберницата, со ЕУ пари се тренирало магаре (ДОКУМЕНТ)