Откако првиот човек на ССМ Дарко Димовски денеска објави обвинувања дека актуелниот директор на „Водовод и канализација“, Марјанчо Митовски, лежел во затвор за напад со нож доаѓа демант и најава за тужба од споменатиот директор.

Митовски беше поставен пред триесетина дена откако заврши соработката меѓу Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ по што градоначалничката на Скопје почна сама да именува директори.

,,Жалиме што првиот синдикалец, како што сака да се нарече г-дин Дарко Димовски во обид да го покрие сопственото нетрпение кон директорот на ЈП Водовод и канализација Марјанчо Митовски, решил да безочно да лаже.
Вистината е дека Митовски не лежел затвор и не постои таква пресуда”, се вели до реакцијата која ја објавува Фокус.

,,Она што навистина го фрустрира претседателот на ССМ е одземањето на привилегиите кои ги уживала неговата сопруга Лила Димовска која впрочем е вработена во ЈП Водовод и канализација – Скопје. Службено возило, службен телефон, платени отсуства од по шест месеци и уште толку неплатени отсуства и бројни други привилегии преку кои повеќе не можат да ги користи ниту да се богати семејството Димовски.

Парите кои досега ги добивале како плата, отсега ќе мора навистина да ги заработат, а скопјани не се должни да ги плаќаат нивните хирови и незаслужени привилегии.

Затоа, овој демант може да се смета и официјалнно барање за извинување и повлекување на лагата која ја лиферувал Дарко Димовски од ССМ во наредните 48 часа, во спротивно, вистината ќе ја докажуваме пред надлежниот суд”, стои во реакцијата.

Синдикалниот лидер предходно имаше остро индиректно обвинување за изборот на првата дама на Скопје

Првиот човек на ССМ: Скопски директор назначен од Арсовска бил во затвор за напад со нож