Директорот на скопска Зоолошка во кампањата на Пендаровски

„Да, ќе бидам одговорен за штабот во Скопје и чест ми е што раководството ми ја додели оваа функција. Сигурен сум дека Пендаровски ќе победи со многу голема разлика“, потврди за „Фокус“ директорот скопската Зоолошка градина, Ѓорѓи  Галетановски.

Галетановски е дел од тимот што ќе ја организира кампањата на претседателскиот кандидат на СДСМ и владината коалиција Стево Пенадровски.. Тој е член на ИО на градската организација на СДСМ, кој досега успешно се покажа на функцијата директор на скопската зоолошка.