Директорот на Штипската болница Ален Ѓеоргиев со многу контрадикторни информации за состојбата на институцијата која ја води на интервју за емисијата Стадион со Столе Наумов на Канал 77.

На прашање на водителот за недостаток на оксиметри директорот прво рече дека имало доволно апарати за мерење на ниво на кислород во крвта за потоа да признае дека во болницата не можеле да ги најдат постоечките апаратите по што во два наврати биле набавени нови.

Не откри што се случило со старите апарати.

Во врска со недостатокот на кислород во болницата кој е неопходен за битката со ковид-19 директорот Ѓеоргиев прво обвини дека информациите за проблемот со кислородот се лажни и водителот Наумов индиректно го обвини дека поставува прашања со политичка позадина.

Веднаш потоа призна дека дел од вработените полните боци со кислород ги прикажувале како празни поради што настанал проблем со кислород за штипската болница кој тој предходно го негираше.

Кои се луѓето кои работеле против јавното здравје односно дали тие навистина постојат и се санкционирани директорот не открива.

Повеќе во видеото на Канал 77