Директорот на провладината Телма предвидува дебакл на референдумот

Што покажуваат последните неколку анкети, кои горе-долу имаат ист резултат, кој се разликува во доментот на статистичката грешка на анкетите, прашува на социјалните мрежи директорот на провладината телевизија Телма Атанас Кировски.

Тој смета дека во изминатиот период рејтингот на СДСМ паѓа, што е индикатор за кој сериозно треба да размисли владејачката партија.

Кировски наведува дека бројката на граѓани кои се определиле за бојкот се движи околу 20 отсто, дека мнозинството етнички Македонци негативно гледа на договорот со Грција.

Тоа според Кировски значи дека клучните параметри кои покажуваат трендови, заедно со други битни прашања и кростабулации, за тимовите кои ги читаат и толкуваат резултатите даваат јасна насока околу идните стратегии.

“И нешто друго многу важно, почитувани ФБ пријатели: преку социјални мрежи и интернет се информираат само 15 отсто од граѓаните во Македонија. Огромното мнозинство, 85 отсто, преку телевизиите…

Ако продолжи Владата по паметот на Насер Селмани и Тамара Чаусидис да не води информативни кампањи за мнозинството граѓани, ќе се тепа за поделба на оние 15 отсто.

Тоа е сигурен рецепт за дебакл” предвидува екс новинарот и сега директор на Телма на Фејсбук.