Директорот на Државниот пазарен инспекторат утрото заплени овошје и зеленчук на скопскиот Кванташки пазар. Подоцна се пофали дека робата која им ја зеде на трговците ја поделил по болници, училишта..
Директорот Трајковски за тоа се пофали и со фотографии.
По завршување на координираната акција на Кванташкиот пазар која денес Државниот пазарен инспекторат ја спроведе заедно со Управата за финансиска полиција, Министерство за внатрешни работи и Агенцијата за управување со одземениот имот, одржавме средба со г-дин Дритон Небиу, директор на Агенцијата и заеднички одлучивме запленетата роба од овошје и зеленчук да биде донирана во државните установи каде што е најнеопходна.“
Освен со фотографии, Трајковски детални напиша во кои институции завршиле запленетите домати, краставици, кромид, банани…
„Донации од запленетите овошје и зеленчук предадовме во ЈУДД „11 Oктомври“ – Скопје, Државно училиште за рехабилитација за деца и младинци со оштетен вид ‘’Димитар Влахов ‘’ Скопје, ЈЗУ Универзитетска клиника за физикална терапија и медицинска рехабилитација – Скопје, Здружение за слепи лица – Куманово, Ј.З.У Специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“, ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“ – Скопје, Институт за белодробни заболувања кај децата Козле, ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци – Скопје и во КПУ Идризово“.