Морам да ви се обратам овде во однос на вчерашната емисија САМО ВИСТИНА во која гостуваа Бугаринот од Македонија , Драги Каров и лидерот на партијата Македонски Концепт, г-динот Petar Bogojeski, а која беше фантастично модерирана од мојот колега Aleksandar Vidinovski.

Ова стои во објавата на на Linkedin
од директорот на Канал 5 Иван Мирчевски за вчерашната емисија.

,,Прочитав коментари по некои социјални мрежи со еден заеднички лајт мотив – зошто не сме го избркале Бугаринот Каров од студиото поради неговиот повеќе од очигледен говор на омраза зачинет со неофашистички ставови, насочен кон Канал 5 но и сите Македонци.
Човекот е очигледно со лимитиран вокабулар рамен на ниво на книгата Хајди, базиран на лажни историски факти и вербален примитивизам.

Јас бев подготвен преку Skype апликацијата да “влетам” во програмата затоа што со Aleksandar имавме однапред мислење дека лицево ќе “бриљира”.

Да ви биде на сите јасно – неговото отстранување од студиото ќе значеше негова победа, ќе го направевме жртва во бугарски и европски очи (цензура) а ние како ТВ емисија со најголем рејтинг но и сите Македонци ширум светот ќе бевме губитници.

Убеден сум дека донесов правилна одлука, за да може целата Македонска, Бугарска и Европска јавност го види rolemodel-от на еден Бугарин од Македонија но истовремено и на еден random обичен Бугарин, затоа што ниту една бугарска заедница ниту пак официјална Софија не се оградија од него!
Сега секој Македонец на планетава може да го тужи за тежок говор на омраза и дискриминација.

Уредникот Aleksandar Vidinovski на три пати му го исклучи микрофонот, двапати го повика јавно да ни се извини на нас, Македонците, со што Канал 5 ТВ остана професионална во секој поглед. Ние и понатаму ќе каниме гости кои не можете да ги видите на другите ТВ, затоа што сме – FK5! 🇲🇰”, пишува Мирчевски.