Директорот на Канал 5 кој е поранешен новинар објавува емотивна семејна исповед преку кој апелира сите да ги почитуваат своите родители. Додека се родителите живи.

Целиот пост на Иван Мирчевски објавен на професионалната мрежа LinkedIn:

,,Родители…мајка, нормално секогаш прва и татко…мој совет до сите вас мои мили пријатели овде на LinkedIn.

Чувајте ги и пазете ги дур се живи…да ви “траат” повеќе. Тие се извор и ДНК во вашите жили.

И секога ќе ве сакаат и вие ќе бидете нивни деца, како јас и брат ми Зоки.

Мојот татко Стеван го изгубив кога најмногу ми требаше , на 28 год., Стевче како што го викав нагалено беше мој јавен фанатичен обожавател. Каде и да одеа на гости, ако неговиот “Иве”како што ме викаше беше на ТВ, сите мораа во тоа семејство да ме гледаат. Беше прегорд со и од мене. Фала ти Стевче за тоа

Но пред некој ден дознавме и јас и брат ми Зоки дека мајка ни Марија, строга и дисциплирана жена и мајка, тајно ги собирала, сечела и чувала сите мои интервјуа на кои сум сам, со брат ми Зоки или жена ми Бети, од 90те па наваму.

Замислете јас ги немам сочувано сите, но Марија во една папка – се’чувала. И Зоки ги најде 3 години по нејзината смрт, пред некој ден 🙏🏻 Шок преубав за нас двајцата!

И никогаш, дури и на посмртна постела на која бев со нејзе , не ми го кажа тоа…дека и таа била прегорда со своите синови, Иво и Зоки.

Овој пост иако е мегаприватен, но сепак сакам да го споделам со сите вас само ради една порака:

Чувајте ги , пазете ги и негувајте ги родителите дур ви се живи…после ќе сакате главата да ја треснете од ѕидовите, но бадијала ќе ви биде.

Во сеќавање на Марија Мирчевска ( Вујачиќ ) и Стеван Мирчевски , моите/нашите починати родители. Фала ви за се!

Ова се само дел од интервјуата и стари фотки од нашето детство и врската со мојата Бети

П.с. тој помалиот на фотките сум јас😉
#macedonia #mothers #fathers #montenegro #serbia #yugoslavia #brothers #sisters #family