Директорот на ДПИ во самоизолација, позитивен на Ковид-19

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, синоќа преку својот Фејсбук-профил информираше дека е позитивен на Ковид-19.

„Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките уште од самиот почеток, вечерва добив позитивен резултат за Ковид-19. Немам никакви симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Посакувам брзо оздравување на сите заболени граѓани и негативен тест на сите кои се во самоизолација. Чувајте се!“, Напиша Пауновски.