Како Украинскиот бегалец, Олександр Онишченко, за кого има национална потерница и кој е на црната листа на САД, добил позитивно мислење од АНБ за добивање македонско државјанство.

На расправата по ова прашање на седницата на собраниската Комисија за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и на Агенцијата за разузнавање (АР), се очекува да присуствува и директорот Виктор Димовски.

Претседателот на собраниската Комисија, Љупчо Пренџов, во средата информира дека Димовски ќе треба да објасни како службеници на АНБ го пропуштиле низ безбедносниот филтер Онишченко, кој е обвинет за корупциски зделки во Украина и ставен на американската „црна листа“.

Синоќа претседателот Стево Педаровски во гостувањето во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24 изјави дека ако се утврди оти Димовски е одговорен за издавањето македонско државјанство на Олександр Онишченко, нема да биде амбасадор во Париз.