Директорката што дала 270 илјади евра од ЕУ и шефот на берберницата на кафеанска седенка (ФОТО)

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова кои се дел од аферата со 270 илјади евра исплатени на фирма регистрирана примарно за фризерај најмалку еднаш биле заедно на кафеанска седенка.

Според фотографијата објавена на социјалните мрежи јасно се гледа дека директорката Димова која ги дава парите од ЕУ и шефот на берберницата Зоран Златковски кој ги примил парите седат на иста маса во кафеана.


Кога се работи за односи меѓу луѓе кои даваат пари и приматели на тие пари во ЕУ е крајно невообичаено тие да се среќаваат по кафеани освен ако не се работи за деловна или службена средба.

Според фотографијата средбата на која учествуваат Димова е далеку од работна.

Агенцијата која е надлежна за распределба на фондовите на Европската унија во областа на образованието, мобилноста, како и невладиниот сектор – познати под името Еразмус+ како што откри А1он исплаќале огромни пари за проекти на берберница чиј газда бил обучувач за агенцијата која му финансирала проекти со пари од ЕУ.

И Димова и Златковски сметаат дека нема ништо спорно што фризерај добил огромни пари од ЕУ.

А1.ОН: Фризерско студио добило над четврт милион евра европски пари