Амела Цана, директорка на Универзитетски стоматолошки клинички центар „Свети пантелејмон“ од Скопје, се пофали со формализирањето на двојазичноста, односно со користењето на албанскиот јазик паралелно со македонскиот во јавната здравствена установа.
Таа истакнува дека првпат сите натписи и информации за пациентите се напишани и на албански јазик, откако претходните директори не се осмелувале да го направат тоа, пишува порталот на албански јазик „Журнал“.
За друг успех во нејзиното работење Цана го издвојува новиот апарат за реанимација, со кој се обезбедени здравствени услуги како хируршки интервенции преку анестезија и реанимација за децата со посебни потреби, кои ќе можат да ги третираат своите заби со закажување на Клиниката.
(фото: zhurnal.mk)