Директорката на Институтот за комуникациски студии Жанета Трајковска не можеше да се воздржи по вчерашниот инцидент во Собранието каде шеф на собраниска комисија за Европски прашања фрлаше со флаши, филџани, тацни по пратеници кои можеа да бидат потврдени.
,ГАДНИ СТЕ! Одвратни дивјаци кои седат во пратенички, министерски, директорски места само затоа што се членови на некоја политичка партија. Агресивни суштества кои ние ги плаќаме за да не срамат, за да шират омраза и насилство за грст гласови и слатка фотеља со службена картица со пристап до многу кеш и моќ.
Ќе почнете да се убивате за да ја задржите власта!
Срам ми е што на некаков начин сите вие ме претставувате мене и мојата земја и тоа за мои пари!
Извинете, ама за ова има само еден наслов: ПОЛИТИЧКА СТОКА!
ОСТАВКИ, ОДГОВОРНОРНОСТ И ОСУДА!”, пишува Трајковска која важи за умерен независен набљудувач и коментатор на политичките феномени од комуникациски аспект.