„Отворена е истрага за случајот“, вели генералната директорка на Фондот за здравство Магдалена Филиповска-Грашкоска која не открива дали и колку пари барале хакерите за системот да биде повторно вратен во функција.

На новинарско прашање таа одговори:

„Не смеам да кажам дали некој ни побара откуп. Отворена е истрага и за ова не смеам да коментирам“, рече Филиповска-Грашкоска, откако во јавноста се појави информација дека хакерите наводно побарале над 40 милиони евра во криптовалути.

Таа имаше објаснување зошто 14 дена не дфаде никаква изјава за случајот со хакираниот систем на Дондот.

„Не бегав овие 14 дена, по цели денови работевме во Фондот. Тоа беше масовна операција. ИТ тимот работеше деноноќно за да ги врати функциите на системот во рекордно време. Велам во рекордно време затоа што, статистички, во многу поразвиени земји, просечно им требало 20 дена за да ги вратат функционалностите“, изјави директорката.

Филиповска-Грашкоска, рече дека не чувствува морална одговорност за хакирањето на системот.

„Максимално се вложивме да го решиме проблемот. Сметам дека фактот дека е решен за толку брзо време покажува дека си ја вршиме работата. Избрзано и некоректно е да посочам со прст во некого за вина“, рече Грашкоска според која „истрагата ќе покаже кој е виновен“. .

Другиот директор, Фатон Ахмети, за време на сајбер нападот бил на одмор кој не го прекинал иако знаел за паѓањето на системот.

Таа не сакаше да го коментира одморот Ахмети и побара новинарите лично да го прашаат нејзиниот колега.