Директор од ДУИ се пофали дека е еден од ретките функционери што редовно оди на работа (ВИДЕО)

Директор од ДУИ се пофали дека е еден од ретките функционери во владините институции кој што што редовно оди на своето работно место.

“Во работен ден, наместо на своето работно место, заменик-директорот со партијата во кампања. Отсуството од работното место било оправдано”, иронично пишува новинарот Фуркан Салиу.

Заменик директорот на затворот Идризово, Феми Идризи, кадар на ДУИ среде работно време тера партиска кампања а тврди дека оди на терен каде бил поканет.

Отсуството од работното место било оправдано, вели директорот а нему на помош му протекува првиот вицепремиер Артан Груби кој вели дека Идризи имал дозвола од директор на затворот во Идризово.

Што бара директор на затвор на отварање на пат и на други проекти во Сарај знае само заменик директорот и неговиот директор од СДСМ.

Видеото на Салиу: