Директор на ДУИ склучил тендер од 2 милиони евра за кастрење дрва и косење трева (ДОКУМЕНТ)

Директорот на ЈП Државни патишта од ДУИ, Рустеми склучил договор за тендер за косење на трева, кастрење на гранки и сечење на дрвја во вредност од над 2 милиони евра.

Документот за овој случај вечерва го објави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски.

Ова е еклатантен пример за криминал и корупција кој што се случуваат во Македонија, порачува Николовски објавувајќи го договорот.