Дипломирал со просек 10 – недоволно за работа во МВР

Ерблин Браими, кој лани дипломирал со просек 10 на Факултетот за безбедност, одбрана и мир, имал највисок можен просек на последниот конкурс за вработување во Министерството за внатрешни работи, но бил одбиен.

Од МВР одговараат дека бодирањето на кандидатите не се врши според просекот што секој кандидат поединечно го имал и го стекнал во своето образование и не е предуслов за засновање работен однос во Министерството за внатрешни работи.

Браими лани дипломирал со највисок просек на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет во Скопје на насоката мир и се пријавил на последниот оглас на МВР за една од 39. позиции – извршител со завршен Факултет од областа на безбедноста.

„Ги исполнував сите потребни услови, со 240 ЕКТС кредити, со документ за неосудуваност, за познавање странски јазик и со над десет дипломи за учество на семинари надвор од државата…За овие неправилности барам максимална одговорност од оценувачите. Немам коментар, освен тоа дека сум длабоко разочаран – вели Браим за редакцијата на Факултети.мк.