Десетина македонски дипломати речиси цела недела на трошок на македонските граѓани се во Јордан.
Официјално тие се дел од македонското претседателство со ОБСЕ кое во оваа држава одржува медитеранска конференција но реално тие таму прават огромен трошок што го покрива Македонија а не носат речиси никакви бенефиции за Македонија на патот кон ЕУ, забележуваат искусни македонски дипломати кои очекуваат земјата да ја искористи својата позиција во ОБСЕ на најдобар можен начин.
Во Јордан три дена беше и министерот за надворешни работи Бујар Османи кој оствари средба со повеќе странски дипломати но ниту една не беше со фактори поврзани со македонската интеграција во ЕУ, нешто што мора да биде прв приоритет на македонската дипломатија.
Наместо десеттината дипломати кои се дел од огромниот тим на Макеоднија како претседавач до ОБСЕ да работат во ЕУ и земјите членки тие цела недела во Јордан трошат на неевропски активности.
Освен aко Османи и владата не планираат да станат дел од Медитеранската геополитичка средина како замена за членството во ЕУ ова е тотално непотребно трошење на македонски дипломатски ресурси и пари од страна на Османи и МНР, коментираат искусни дипломати за expres.mk.
Тие сугерираат фокусот на дипломатијата генерално и како претседавач со ОБСЕ Македонија да го насочи на земјите членки на ЕУ а не на неевропски проекти и активности.
Претседавањето со ОБСЕ мора да биде во насока на влијание во европските институции и центри на моќ а не на прошетки и сликање низ земји кои немаат никаква врска со ЕУ како што е Јордан.
Ти се уверени дека целата операција во Аман можела да заврши за два дена со што ќе чинела значително помалку за македонските даночни обврзници кои што ги плаќаат сметките на Османи и неговиот тим.