Најновиот скандал во кој е инволвиран висок претставник на Агенцијата за разузнавање која е под ингеренции на претседателот Пендаровски е шокантен за дипломати од земји членки на НАТО.

Тие се надеваат дека наводите за скандалот не се точни и дека се работи за партиско-политичко препукување меѓу власта и опозицијата но во исто време бараат одговори за наводите дека од Агенцијата за разузнавање се вадела опрема за електронско следење за која постои можност да се користела за “оперативна обработка” на политички противници на власта.

“Доколку македонските власти не ја расчистат веднаш дилемата за скандалот кој се случува во извесна членка на НАТО тоа ќе биде огромен срам за земјата, за владата но и за претседателот Пендаровски кој го постави новиот директор веднаш по доаѓањето на на позицијата”, вели поранешен западен дипломат кој работел во Скопје.

Тој вели дека членството во НАТО е завршена работа но дека безбедносните служби и политичарите кои ги контролираат мораат да разберат дека Македонија наскоро веќе нема да биде единка туку дел од најмоќната воена организација и вакви скандали не смеат да се случуваат.

Доколку се потврдат наводите на опозицијата некој ќе мора да понесе одговорност е очекувањето на странците загрижени дека македонските власти не ги разбираат одговорностите кои доаѓаат со членството во НАТО меѓу кои се подразбира дека државните институции не смеат да се користат за партиски пресметки.

Наводи за скандал во Агенцијата за разузнавање