И поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, со реакција на едностраната декларација за јазикот штоМакедонија ја достави до ЕУ.

„Прво, ова е во спротивност со Резолуцијата на Собранието на Република Македонија…

Второ, ова е антинаучно тврдење…

Трето, македонскиот јазик за официјален се утврдува уште на првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година…

Четврто, македонскиот јазик се гради низ црковните редакции и творештвото на низа преродбеници низ средниот век, па се до 19-ти век…

Петто, македонска литература се создава на македонскиот јазик далеку пред 1945 година… Шесто, дијалектите на македонскиот јазик не потекнуваат само до Република * Македонија (како што пишуваат #неписмениве), напротив ги има и низ Грција (егејска Македонија) и Бугарија (пиринска Македонија), но и во Гора (Косово), Мала Преспа и Голо Брдо (Албанија) и јужните крајни делови на Србија…“, пишува Илија Димовски на Фејсбук