Димовски: За да не крахира државата, мора да крахира Владата !!!

Ќе крахира Владата или ќе крахира државата, прашува поранешниот пратенико од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски и набројува што оваа Влада успеа да направи:

– Крахиран систем на Фондот за здравство;


– Крахиран обид за издавање обврзница;

– Крахиран безбедносен систем со секојдневни дојави за бомби;

– Крахиран затворски систем со секојдневни бегства и смртни случаи;

– Крахирана култура со партиско доделување на средства;

– Крахирана надворешна политика со бугарска блокада;

– Крахиран енергетски систем со секојдневни хаварии;

– Крахирана даночна политика со најави за нови даноци;

– Крахиран животен стандард со најголема инфлација;

– Крахирано образование без учебници;

– Крахиран буџет со огромни нови задолжувања;

– Крахирана изградба на патишта;

– Крахирани меѓуетнички односи со исклучување на мнозинството Македонци од одлучувањето за државата;

– Крахирано Собрание без седници, надзор и одлуки;

– Крахирана фер конкуренција со поддршка на “свои” компании;

И оние што се двоумат ќе мора да одлучат, мал е изборот: За да не крахира државата, мора да крахира Владата !!! – објави Димовски на Фејсбук.