Димовски: Судењето за „Рекет“ нема да почне на 3 декември!


„Куќниот притвор за Катица Јанева за мене е дефинитвно скандлозен, ако го гледаме краткиот притвор, за мене се уште краток притвор од три месеци. Посебно е загрижувачки што за десетина дена е почетокот на судењето“ вели новинарот, Саше Димовски, еден од најдобрите познавачи на македонското поравосудство, по одлуката на Апелациониот суд за замена на мерката ефективен притвор со домашен притвор ја гледа како скандалозна.

„Ваква одлука пред самиот старт на судењето ќе значи од почеток одолговлекување, еве јас сум убеден дека овој период обвинетите ќе го искористат за одење по лекари за изнаоѓање на други начини и на трети не верувуам дека ќе имаме успешен старт на судењето“, вели Саше Димовски.

Извор: Нетпрес