Димовски: Штетно е за демократските процеси Алијансата да стане дел од Владата – Македонците се мајоризирани институционално

„Илија Димовски, член на ВМРО ДПМНЕ, вчера во дебатниот магазин ‘Клик Плус’ на ТВ21 истакна дека би било штетно за демократските процеси Алијансата за Албанците да стане дел од Владата.“ – објави ТВ 21.

ТВ 21 пишува: „Станува збор за обид на власта да ги смири состојбите внатре во себе. Исто така, и СДС има одредени раслојувања – старо раководство, ново раководство, една фракција во партија, една фракција во Влада и.т.н. Кај ДУИ е веќе видливо дека има проблеми со дел од пратеничката група, а бројката на пратеници е ограничена.’ – кажа Димовски.“

„Според него, влезот на Алијансата за Албанците во Владата ќе биде од полза на СДСМ и ДУИ.“

Во ‘Клик Плус’ на ТВ21 Илија Димовски истакна дека Македонците во оваа држава пет години се надгласуваат. Според него, тие се и мајоризирани институционално и оти тоа сето тоа создава и фрустрација. ‘Тоа ќе создава дополнителни процеси во општеството во следните години. Во тој аспект, влезот на Алијансата за Албанците во Владата само ќе ги реши внатрепартиските проблеми во ДУИ и СДСМ, а на среден, или долг рок ќе создаде сериозни политички проблеми.’ – рече Димовски.“

„Илија Димовски во ‘Клик Плус’ на ТВ21 укажа дека кампањата пред потпишување на договорот беше да се смени името на државата и оти потоа ќе влеземе во ЕУ. Но, според него, од тоа ние добивме само бесплатна вакцинација во Врање, Србија и право за работа во Елбасан.“