Поранешниот пратеник Илија Димовски нагласува дека уште во 2017 година, неколку дена пред потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, како координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ предупредил што ќе се случува ако се усвои.

„2017 година…

Сме кажале сè што ќе се случи со Договорот за пријателство со Бугарија…

Сме кажале дека Договорот ќе ги влоши односите…

Кажано на време и пред време, кажано прецизно…

Сè било предупредено, не може да кажат дека не знаеле…

26 јули 2017 година, неколку дена пред потпишување на Договорот за добрососедство со Бугарија…

Уште тогаш, од позиција на координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ сум кажал:

1. Договорот ќе дава легална основа соседна Бугарија да го стопира чекорењето на Македонија кон ЕУ;

2. Бугарија ќе може да нè блокира секогаш кога нема да ѝ се допаѓа некој наш историски учебник, наш историски или документарен филм, некој наш споменик или некое наше македонско одбележување;

3. На Македонија и Бугарија им треба договор за иднината, а не за минатото;

4. Потребен е договор со кој Македонија ден поскоро ќе се интегрира во ЕУ, а не договор кој ќе биде нова јамка за уцени и блокади;

5. ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи само договор кој ќе ѝ овозможи на Македонија брз влез во ЕУ, а не договор кој ќе биде користен како алатка за одолговлекување;

6. Овој договор на среден и долг рок ќе биде закана за влошување на односите на двете држави;

7. Почитувањето треба да биде двострано.

Политичката ароганција, незнаење и слепило на оваа власт нè донесе во замка…“, констатира Димовски на Фејсбук.