Димовски објаснува зошто власта упорно тврди дека нема подобар од Францускиот предлог

Екс пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски со објаснување зошто претставниците на власта инсистираат да докажат дека францускиот предлог е единствената опција која ја имала Македонија на патот кон ЕУ.

За него не е логично власта да лобира евродипломатите да доаѓаат да вршат притисок врз ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени наместо да се бори притисокот да биде упатен кон Софија.

,,Власта има интерес да не се промени ништо
од бугарските услови во европската рамка
за да докаже дека го добиле најдобриот договор, односно да докаже дека владината дипломатија не е неуспешна…

ЕУ има интерес македонското зачленување во ЕУ да го движи во рамките утврдени со т.н. француски предлог
бидејќи така ќе ја држи Бугарија среќна во своите институции…

Да беше Владата сериозна немаше да моли европски министри да доаѓаат во Македонија
да ја “притискаат” опозицијата,
туку ќе молеше тие европски министри да одат во Бугарија за да и објаснат на Бугарија колку не е европска нивната политика кон Македонија…”, пишува Димовски.