Пратеникот оо редовите н ВМРО-ДПМНЕ порача дека власта влегува во голем ризик доколку донесувањето на Изборен законик се донесе без опозиција.

Нема потреба во Собранието да се дебатира и да се гласа, саркастично забележа Димовски. Тоа може да го прави само пратеникот Талат Џафери во име на 120 пратеници и за с’е се што ќе му прати Владата.

„И со комисиите нема потреба да заседаваат други претседатели, туку тоа може да го прави само Артан Груби“, рече Димовски во дискусијата во Комисијата за европски прашања на седница која беше итно закажана за вчера.

„Знаете што се зборува надвор? Дека СДСМ е ВМРО вклучено на најјако. Во Собранието двајца се најважни. Тоа се Груби, кој ми е пријател, и Џафери, кој е исто мој пријател. Ние другите џабе облекуваме костими, џабе земаме плата. Ветувавте покана за ЕУ, добивте пејпер во лице, ви кажаа дека сте покорумпирани од кога било. Тоа се сигнали до вас, тоа е штета за вас. Мојот апел до вас е да прекинете без утврдување дневен ред. Да престанете со насилство. Со зборовите на СДСМ – дури кога режимот бил пуштен на најјако, вака не било“, рече Димовски, како што пренесе Макфакс.

Вчера седницата беше прекината откако опозицијата поднесе 401 амандман, а овие амандмани да се архивираат, да се преведат на албански јазик и да им се поделат на пратениците. Предвидено е целата расправа да трае три дена.