Директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски денеска на затворена владина седница се очекува дда даде извештај за случајот со давањето на македонско државјанство на контроверзниот Укранинец Олександер Онишченко.
Претходно во петокот, рефереирањето на Димовски беше прекинато во момент кога се откруи дека затворената седница на Комисијата за надзор на работењето на АНБ, оди „во живо“ на Јутјуб -каналот.
Во врска со пропустот и издавањето на македонско државјанство на Онишченко кој е баран со меѓународна потерница и кој е на „црната листа“ на САД, премиерот Димитар Ковачевски рече дека мора да се утврди одговорност.
Како дознаваат медиуми, суспендирани се двајца службеници за пропуст во проверката на Онишченко.
Дополнително во Собранието во тек е истрага за пренесувањето во живо на Јутјуб на затворената комисиска седница на која Димовски зборуваше исто така за случајот „Онишченко”.
Димовски во петокот по седницата матичната собраниска комисија изјави дека при интерната постапка во АНБ за евентуален пропуст за случајот „Онишенко” е констатирано дека не е испочитувано последното ниво од безбедносната проверка и не била направена консултација со партнерите од НАТО пред да се даде позитивно мислење. Според него, „лоциран е прстенот и поединецот” што го ставил потписот и ќе се преземе одговорност.
Наскоро треба да биде именуван нов директор на АНБ за што е почнат процес на селекција, но смената на Димовски ќе биде поради тоа што тој треба да замине на амбасадорска позиција во Франција.
