Поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, вели дека нападите и негирањето на Македонија не доаѓаат само од европратеникот Ангел Џамбаски туку дека тие се дел од речиси секојдневните изјави на актуелни бугарски политичари/

Османи: Нашето општество направи „ѕвезда“ од маргиналецот Џамбаски

„Не е само Џамбаски, на исти линии (подипломатски или не) и ист речник, деновие се и:Румен Радев, Николај Милков, Костадин Костадинов, Бојко Борисов, политички фигури од прва линија…

Обидот да се концентрираме на Џамбаски е самозалажување…“, пишува Димовски на Фејсбук.