Најмал проблем за бугарските власти е да соработуваат со Атина, со надеж да ја “ребугарузираат Македонија”… оценува поранешниот претеник Илија Димовски во објава на Фејсбук.

„Впрочем, Бугарија има повеќе меѓудржавни договори со Грција кои се однесуваат на затворање на македонското прашање по нивен заеднички интерес…

Втората фаза од Преспанскиот договор веќе ја спроведува Софија, во своја, но и во корист на Атина…Позицијата на Грција и позицијата на Бугарија кон македонското прашање се идентични…

Ставот на Мицотакис е: “Ќе пробаме преку пристапните преговори за влез во ЕУ да ги исправиме грешките на Преспанскиот Договор во врска со јазикот и националноста на Северна Македонија.”

Не се надевајте на датум, а уште помалку на временски нормални преговори за членство во ЕУ, доколку сега не се заземе јасен државен став за македонското прашање…

П.С. После неколку години, ако сеуште некој мисли дека Преспа е добро решение за македонскиот идентитет и јазик, тогаш има проблем со основните познавања на историјата, политиката и основното образование…“ пишува Димовски.