Поранешниот пратеник Илија Димовски го коментира скандалот со именувањето на поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, како „архиепископ охридски“, без „македонски“, на Божикниот концерт пренесуван од Македонската телевизија, за кој Неговото блаженство побара извинување, а оттаму се оградија, повикувајќи се на такво инсистирање од организаторот.