Димитров: Во Македонија нема промена, нападите на бугарските клубови продолжуваат

Шефот на бугарскиот тим од Мешовитата македонско-бугарска комисија за историјата бил вознемирен бидејќи не гледал потребните политички сигнали за некаква промена во политичко однесување на Македонија и во начинот на кој комуницира со Бугарија, дури и по сигналот што беше даден од Европската Унијата за време на француското претседателство.

„Ова за мене е многу сериозен проблем, а кога се вели дека овие антибугарски перманентни напади во последните месеци против бугарските културни клубови и против поединечни луѓе беа последователни потреси на бугарската позиција за брзото прифаќање во ЕУ, тоа зборува или за целосно незнаење или веројатен недостаток за самокритика.


Искрено се надевам дека тоа може да се смени, а во таа насока неопходна е соработка и истрајност на позицијата на земјите од ЕУ“вели Димитров за БГНЕС.