Седмата последователна средба на експертската бугарско-македонска комитет за историски прашања заврши без многу напредок, пренесува БГНЕС.

Според зборовите на копретседателот на комисијата од бугарска страна, проф. Ангел Димитров, се покажало дек тоа била „најбезплодната, но во никој случај не и најспокојна средба“.

Тој, на заедничката прес конференција со македонскиот колега Драги Ѓорѓиев ги опиша разговорите како многу интензивни и полни со емоции и се пошегува дека „успехот“ веројатно се должи на денешниот датум – петок 13-ти.

Според него, да се дојде до сегашната состојба – резултат близу до нула, значи дека двете држави имаат длабоки разлики во толкувањето на минатото и во начинот на решавање на спорните прашања.

Професор Драги георгиев, претседател на македонскиот дел од Комисијата се согласил дека имало емоции на состанокот и додаде дека не постои начин секој пат да има напредок.

Според Ѓорѓиев,  поставена е добра основа за следните состаноци, на кои повторно ќе се разговара за контроверзните теми.

 Тој рече дека Гоце Делчев треба да се слави заеднички од двата народа и да стане мост што дополнително ќе промовира добрососедство меѓу нив.

На ова, мнеговиот бугарски колега Димитров, додал дека „за таква намена мостовите мора да имаат цврсти темели“, пренесува Днес.Бг.