Не прави разлика дали Алијанса на Албанците ќе влезе во влада зашто и без тоа таа партија би гласала за уставни измени, оцени поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров во Тема на денот во дневникот на телевизија Сител.

СДСМ: Со АА во влада се проширува парламентарното мнозинство

Димитров смета дека владата во немоќ да испорача вистински реформски чекори се обидува да избега од одржување на предвремени парламентарни избори со оглед на бројките и анкетите кои се многу лоши.

„Мислам дека повеќе се работи за крпење и лепење на една дупка која што станува се поочигледна и поширока, а што анкетите ја покажуваат а тоа е дека за жал се изневерија надежите и вредностите на Шарената револуција“,м рече Димитров.

Имаме еден многу лош исход од овој проблем и маките со Бугарија, и има една немоќ да се испорачаат вистински реформски чекори дома.

И затоа ова не може да биде ништо друго, освен обезбедување на уште некое време за да не се оди на избори брзо, туку да се оди на избори идната пролет за да се зголеми мнозинството бидејќи бројките и анкетите се многу лоши, да се купи уште некое време, за жал за поприлично спорно владеење и тоа го гледаме, истакна Димитров.