Димитров: Поскапото парно ќе удри врз џебот на граѓаните, државата го поскапува за да ги плати службениците

Поскапотото парно греење дефинитивно ќе удри врз џебот на граѓаните, кои ни криви ни должни ќе мора да плаќаат повисоки сметки. Пет посто си е 5%, и тоа нее малку во време на скапотија вели за Алфа енергетскиот експерт Константин Димитров. Според него, ова поскапување е неоправдано, оти цената на природниот гас сега била три пати поевтина за разлика од лани, и не било фер поскап цех да плати и онака сиромавиот народ. Парите од повисоките сметки за парно, вели, ќе заминат за плати на стотиците вработени во државните енергетски претпријатија.

Димитров е оптимист дека државата нема да биде оштетна и ќе ги преземе сите мерки по наметнатата такса од Бугарија за рускиот гас. Според него, земјава не смее да биде погодена од оваа давачка оти првенствено била наменета за други две земји.

Од сега, за околу 63.000 домаќинства парното поскапува за близу 5 проценти. По три месеци одлагање, Регулаторот одлучи греењето да поскапи. Со ова сметките од околу 2.000 денари ќе пораснат за 100 денари. За граѓаните кои пак се приклучени на „железарското“ парно, греењето минимално ќе поевтини. Во случај да не се користи топлината од „ТЕ-ТО“, поскапувањерто би било 60%, велат од Регулаторна. Од таму тврдат дека не прифатиле голем дел од барањата на компаниите кои барале многу поголемо поскапување.