Димитров му верува на ВМРО-ДПМНЕ, не гледа како ќе се смени уставот за Бугарите

Темата со ЕУ и бугарските барања до Македонија има смртоносен потенцијал. Тоа е катастрофа за цела ЕУ, вели Никола Димитров, екс министер за надворешни работи во репортажа за Германската телевизија ZDF.

Тој не гледа како СДСМ и ДУИ можат да обезбедат 80 пратеници за примена на уставот вомокнтреба да влезат Бугарите со што изразува доверба во ВМРО-ДПМНЕ дека партијата или најмалку четворица нејзини пртанеицу нема да гласаат за промена на уставот.

Димитров кој преговараше за промена на името во „Северна Македонија“ за ZDF објаснува дека за Преспанскиот договор се работело за разлики околу името а сега се работи за јазик и култура.

,,ЕУ е унија на вредности. И сега поради Бугарија се однесува како елитно братство! Можете ли да побарате од кандидатот нешто што сакате само затоа што сте член? Дури и што е спротивно на европските вредности”, вели Никола Димитров, поранешен министер за надворешни работи.

Пристапувањето повеќе не зависи од владеењето на правото, економската сила и основните права, туку од добрата волја на една земја-членка. Ова е чекор наназад за ЕУ. А за Македонија непремостлива пречка.

„Не гледам како власта може да добие двотретинско мнозинство за овој уставен амандман. Пристапувањето на Северна Македонија е сè само не сигурно”, вели Димитров.

Поврзана вест

Стравично откритие на германска новинарка за Бугарскиот културен центар во Битола