Димитров ги подели амбасадорите на “наши” и “ваши” и сам влезе во замка

Човекот што со три години стаж во време на ВМРО-ДПМНЕ стана заменик министер за надворешни работи а со 6 години стаж и помалку од 30 години живот стана најмлад амбасадор во САД прави анализа на искуството на македонските амбасадори делејќи ги на “наши” и “ваши”.

Реагирајќи на прес конференција одржана вчера пред МНР за која пошироката јавност нема информации, Димитров откако предходно лично тој или службите во министерството загубиле време и енергија на пресметување на стажот на дипломатите, ги дискриминираше дел од амбасадорите.

Тој прво ги сегрегираше со поделба на „наши“ и “ваши“ односно на амбасадори испратени сега од СДСМ и на амабсадори испратени од предходната влада на ВМРО-ДПМНЕ во која и тој самиот беше висок државен претставник и амбасадор во повеќе наврати.

Паралелно со поделбата на „наши“ и „ваши“ по партиска линија Димитров изврши и дискриминација на основа на години на старост или на работно искуство.

Притоа и се обиде да ги дисквалификува поради нивното неискуство притоа заборавајќи дека во владата на на ВМРО-ДПМНЕ од 1998 до 2008 година со само три години стаж стана заменик министер за надворешни работи а потоа експресно со вкупно 6 години стаж замина во најважната дипломатска дестинација на светот Вашингтон.

Да биде неговото обвинување почудно Димитров е меѓу ретките светски примери во исто време амбасадори да бидат синот и татко, во случајов Димитар Димитров кој внимавајте беше амабсадор во Москва додека синот амбасадоруваше во Вашингтон.

Заборавјќи на овие факти Димитров вчера преку својот профил го објави следново соопштение за „јавноста да била подобро информирана“.

Интегрално обраќање на Никола Димитров

Здружението пак држело прес пред МНР. Сакам да ја искористам оваа прилика, да го објавам следново, за народот да си носи заклучоци. “Нашите” последни десет амбасадори, имаат вкупен дипломатски стаж 214 години. “Нивните” последни испратени во 2014 година, имаат вкупен дипломатски стаж 28 години. И кој се залага за професионализација? Отвори се земјо … човек да се бори, да не каже нешто полошо. Беда …

10 амбасадори (последни испратени во 2014 г.) – вкупно стаж = 28 год.
Од нив:
– 1 амб. со 22 год. стаж
– 1 амб. со 4 год. стаж
– 1 амб. со 2 год. стаж
– 7 амб. со 0 год. стаж

10 амбасадори (втор бран, испратени од 2019 г.) – вкупно стаж = 214 год.
Од нив:
– 7 амб. со стаж меѓу 20 и 27 год.
– 1 амб. со 18 год. стаж
– 1 амб. со 17 год. стаж
– 1 амб. со 12 год. стаж

Што вели Википедија за Димитров

Никола Димитров својата професионална кариера ја започнал во 1996 година во министерството за надворешни работи како советник од областа меѓународно право за правата на човекот. Бил назначен за заменик министер во 2000, а бил и советник за национална безбедност на претседателот Борис Трајковски. Во 2002 бил именуван за македонски амбасадор во САД доаѓајќи на местото на Љубица Ацевска. Со 30 години бил најмладиот амбасадор во САД, а за време на неговиот престој во 2004 САД ја признале Македонија под уставното име.