Според поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров, со прифаќањето на францускиот предлог за деблокада на Македонија, еврокомоесарот за проширување Оливер Вархеји ќе ја контролира работата на македонско-бугарската мешовита комисија за историски прашања. 

Тој претпладнево како гостин во студиото на ТВ24 рече дека македонскиот јазик и натаму останува проблем за Бугарија, но најзагрижувачки, според Димитров, е тоа што францускиот предлог како документ го нема никаде во македонските интиутуции.

Димитров беше министер за надворшни кога се потпипшување Договорот за добрососедство со Бугарија и поптписник на „преспанскиот договор“.

„Во пристапот е направена утката и во степенот на очај. Прво има тука сеење магла, овде се работи за спор меѓу две страни, а позицијата на Бугарија е позиција на моќна сила, Од арбитражен суд веднаш би загубиле, спорот воопшто не е легитимен, а ние со вклучување на овие прашања во преговарачката рамка правиме балканизација на европскиот процес.

Прво чекаме што ќе кажат земјите членки, па ние да сме се изјаснеле.  

Замореноста од 17 години ќе ги натера луѓето да го голтнат и тоа. Блокадите на Бугарија нема да прават нервоза кај земјите членки и проблемот нема да биде повеќе на ЕУ. Топката ќе биде само кај нас. 

ПОВЕЌЕ на Фокус