Кумановскиот Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, во интервју за „Фокус“, тој зборува за разидувањето со СДСМ и за тогашниот лидер на партијата кој доживеал трансформација кога дошол на власт.
„Во опозиција познавав еден Заев, во периодот на власта запознав нов, вели Димитриевски за експремиерот кој по поразот на локалните избори во 2021 се повлече од чело на СДСМ и од премиерската функција.
„Заев спроведуваше лоши политики во периодот на власт. Ние имавме колосални разлики во политиките и начинот на практикување власт. Веројатно ваквото практикување на власт беше причината за мојата елиминација од највисоките партиски органи.
Но, на таквите одлуки заткулисно секогаш кумуваа други поединци, кои вешто и умешно се криеја зад неговото име, нив јавноста ги знае, а особено партиското членство во СДСМ, моите партиски другари со кои заедно поминав многу“, вели Димитриевски.
Тој вели дека сепак Заев не бил причината за неговиот судир со партијата.
„Се судрив со голем дел од раководството во мојата партија. Јас не се судирам со човек, туку се судирам со политиките што тој човек ги спроведува. Секој човек има свои карактеристики, маани и доблести. Има лоши и добри политики“, вели Димитриевски кој ја победи неговата партија на локалните и е лидер на граѓанското движење „За наша Македонија“,.
